Во Музејот на љубовта и уметноста, под покровителство на градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш, вчера е отворена осмата Меѓународна радовишка ликовна колонија.
Колонијата ја организира Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш, а годинава учествуваат ликовни уметници од Србија и Бугарија, македонски академски сликари, како и членови на радовишкото здружение на ликовни уметници.
На отварањето беа изложени уметничките дела од претходните ликовни колонии, изложба на скулптури од М.Е.Стефанов-Карсон, а беше промовирана и книгата „Тиховање- Тихување“ од Наташа Радосављевиќ од Србија, која учествува и како ликовен уметник на колонијата.