МИОА ќе одржи средба за втората фаза за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

mioa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе одржи средба за втората фаза за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ).

Целта на Предлог законот е усогласување на националната правна рамка со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија и меѓународните стандарди во поглед на променетата реалност на медиумскиот пазар, како и зајакнување на капацитетите на регулаторното тело за соодветно спроведување на новите надлежности и промовирање на саморегулација и корегулација.


-Слободните медиуми, во служба на највисокиот јавен интерес, транспарентноста и отчетноста остануваат нашата главна заложба како Министерство, велат од МИОА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK