Грчкото МНР реагира за отфрленото барање за ослободување на градоначалникот на Химара


20230620194233_big_730x400_70
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагира за отфрленото барање за ослободување од затвор на градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белери, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР коментираат дека со отфрленото барање, Белери директно е спречен да положи заклетва, а одлуката „предизвикува длабока загриженост за вистинските цели зад неговото гонење“,  -Министерството за надворешни работи будно ги следи случувањата и очекува од соседната земја почитување на пресумпцијата на невиност – фундаментален елемент на владеењето на правото, пишува во соопштението на грчкото МНР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK