Лондонскиот премиерлигаш Челзи денеска официјално го потврди 25-годишниот француски репрезентативец Кристофер Нкунку во свое засилување за претстојната сезона.
Францускиот напаѓач доаѓа во Челзи од Лајпциг и со клубот од Лондон потпиша договор на шест години.
– Вложен беше голем напор да дојдам во Челзи и одвај чекам да ги запознаам своите нови соиграчи и тренерот. На навивачите на Челзи сакам да им ги покажам сите моите квалитети на теренот и заедно да се радуваме на успеси со мојот нов клуб, порача Нкунку.
Французинот беше член на Лајпциг од 2019 година кога дојде од ПСЖ, а за националниот тим досега собра десет натпревари.