Ираола нов тренер на Борнмут

iraola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот фудбалски прволигаш Борнмут го назначи 40-годишниот Шпанец Андони Ираола за нов тренер на местото на Гери О‘ Нил, кому вчера му беше врачен отказ и покрај тоа што обезбеди опстанок со екипата во Премиер лигата.

Ираола доаѓа во Борнмут откако му истече тригодишниот договор со шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано во чиј редови настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.


О’Нил беше назначен за привремено решение на тренерската клупа во август лани, по што во ноември потпиша договор на една и пол година, но доби отказ по 37 натпревари на кој го водеше англискиот клуб.

Сопственикот на Борнмут, Бил Фоли, рече дека тренерската смена во овој момент е во најдобар интерес за клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK