Во вилата „Златица“ во Словенија на 15 јуни се одржа промоција на „Шпегавец“, словенечки превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев.
Како што соопштија од издавачката куќа „Прозарт медиа“, на промоцијата романот го претставија професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша, авторот Прокопиев, како и професорката и преведувачка Соња Цекова-Стојановска.
Неколку дена пред промоцијата, на Третата програма „Арс“ на радио Словенија беше емитирано интервју со Прокопиев, кое подоцна во печатена форма беше поставено во информативниот портал на РТВ Словенија.
– За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри, потенцираше во интеврјуто писателот Александар Прокопиев.