Дворови на четири училишта отворени за бесплатен паркинг

uchilishte
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Тетово од вчера дворовите на четири училишта ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила.

Училишните дворови ќе бидат место за бесплатен паркинг до почетокот на новата учебна година.


– Со цел да го намалиме сообраќајниот метеж во градот и да овозможиме повеќе паркинг места во текот на летниот период, кога во Тетово доаѓаат бројни иселеници, дворовите на четири училишта во градот ги приспособуваме во паркинзи. Овие мерки Општина Тетово ги воведува секоја година за време на летниот период, со што добиваме нови паркинг места, неопходни за овој период од годината, порачаа од службата за односи со јавноста при Општина Тетово

Како паркинг ќе служат дворовите на училиштата „Лирија“, „Гоце Делчев“, „Истикбал“, како и Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK