Санкционирани 253 возачи низ Скопје, четворица возеле под дејство на алкохол

stop_dreger_6878
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територијата на Градот Скопје вчера изречени се вкупно 253 мерки. Меѓу нив, за возење со брзина поголема од дозволената 117 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 казни за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а четири за управување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се и шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци…, се појаснува во соопштението.


Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK