Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечката глобална организација што го претставува гласот на Македонците насекаде во светот – со задоволство го објавува назначувањето на Софи Иванов, д-р Јован Ласковски и Александар Поповски за членови на Глобалниот Борд на ОМД.
Од 2004 година, ОМД е секогаш на првата линија на меѓународното македонско застапување, зачувување на културата и напорите за образование, градејќи гордост на нашето богато културно наследство, поддржувајќи ги Македонците во нивните професионални животи и обезбедувајќи енергична заедница заснована на нашето заедничко потекло без разлика на границите.
Возбудени сме што можеме да им посакаме добредојде на овие идни, водечки поединци во нашиот Борд.
Арги Н. Белио, претседавач на Бордот на ОМД, рече:
„Софи, Јован и Алекс, сите поранешни добитници на наградата на ОМД македонска дијаспора 40 испод 40 години и долгогодишни членови на ОМД, носат нова разновидна и енергична перспектива во ОМД – со нетрпение очекувам да работам со нив за да ја одведиме организацијата на едно ново повисоко ниво и да обезбедиме Македонците да останат горди на нашите корени, но и да преземат акција и да се вклучат повеќе во македонската кауза.”
Софи Иванов рече:
„Ова е многу возбудливо! Чест ми е што се приклучувам на бордот и со нетрпение очекувам многу заеднички достигнувања со ОМД! Имам огромна страст за мојата македонска култура и посветена сум да помогнам во зајакнувањето и развојот на нашата дијаспора во извршувањето на мисијата на ОМД“.
Д-р Јован Ласковски рече:
„Почестен сум да се приклучам на бордот на ОМД. Моето македонско наследство беше суштината на мојата сила во текот на мојата кариера. Растејќи како син на македонски имигранти, бев во можност од прва рака да посведочам како напорната работа и истрајноста може да се исплатат.”
Александар Поповски рече:
„Да се биде Македонец е навика да се биде во состојба на постојана борба. Ништо не ти доаѓа на сребрен послужавник, а ништо не се постигнува без многу мака и напорна работа. За среќа, ние Македонците добро научивме како да се истрае низ маките и да се биде упорен и покрај сите животни пречки. Чест ми е што служам во бордот на ОМД и посветен сум на унапредување на нејзината мисија“.
ОМД им се заблагодарува на д-р Наташа Гарет и Деана Јанчески, кои се повлекоа од функциите претходно оваа година, за нивната долгогодишна служба во Бордот на ОМД и како претседавачи за Питсбург и Мичиген.
Биографии:
Софи Иванов
Софи Иванов е Македонка од првата генерација родена во Трој, Мичиген, успешен готвач за колачи и сопственик на бизнис Vanille Patisserie, луксузна француска пекара во Чикаго, Илиноис. Иванов се посвети на кулинарскиот квалитети од 2011 година и има освоено огромен број награди за нејзината извонредност, вклучително и повеќе деловни награди. Неодамна, на Еваноф и беше доделен чин Витез во Орденот за земјоделски заслуги на француската влада. Таа моментално е член на Извршниот комитет на Стопанската комора на Линколн Парк во Чикаго како потпретседател за деловно привлекување и задржување, како и неколку други непрофитни организации.
Д-р Јован Ласковски
Д-р Јован Ласковски е ортопедски хирург обучен од медицинскиот борд, со стипендија, со седиште во Акрон, Охајо. Ласковски е специјализиран во областа на артроскопијата на колкот и рамото како и регенеративната медицина. Како национално и меѓународно признат хирург, тој истражувал и објавил бројни статии за ортопедска хирургија. Др. Ласковски е член на Здружението за артроскопија на Северна Америка, член на Меѓународното здружение за артроскопија на колкот, како и на неколку други здруженија. Добитник е на бројни награди и почести, вклучително и магистерски инструктор за артроскопска хирургија од Здружението за артроскопија на Северна Америка и член на Здружението за артроскопија на Северна Америка. На 30-годишна возраст, тој стана најмладиот вонреден магистер инструктор во историјата на ААНА. Тој служеше како главен тимски лекар за Универзитетот во Акрон и беше еден од најуспешните во грижата за здравјето на спортистите на високо ниво, вклучувајќи ги олимпијците, спортистите од NCAA дивизија 1 и професионалниот фудбал, кошарката, фудбалот, хокеј играчите, како и гимнастичарите и балетани. Д-р Ласковски има измислено и над 10 нови хируршки инструменти и 4 нови хируршки техники.
Александар Поповски
Александар Поповски потекнува од Струга, каде што се заљубил во македонската поезија и литература на брегот на реката Дрим. Завршил средно училиште во Скопје, а на седумнаесет години се преселил во САД. Тој има диплопа и магистрирано од Државниот универзитет во Њујорк (SUNY) во Платсбург.
Тој има работeно во меѓународното образование во изминатите тринаесет години. Извршувал лидерски позиции на неколку јавни и приватни универзитети, а неодамна беше помошник-декан на Факултетот за постдипломски студии на Универзитетот Бингамтон (SUNY).
Поповски е сопственик на Ucredo, национално призната компанија за евалуација и превод на акредитиви со седиште во Флорида. Ucredo го изедначува образованието од странство со американскиот стандард и со тоа им помага на поединците обучени од странство да се квалификуваат за вработување, да продолжат со понатамошно образование и да добијат лиценца во Соединетите држави. Поповски е горд член на ОМД од неговото основање и редовно придонесува во иницијативите на ОМД