Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

vmro-dpmne
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка.

Не е само да се преземаат чекори, туку треба да се преземе одговорност од страна на власта, за живиот песок во кој го втурнаа правосудниот систем.


Власта треба да преземе одговорност за целосната партизација која ја направија во правосудниот систем.

Кога ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека на чело на Судскиот совет се поставуваат личности активисти и функционери на СДС, власта игнорираше, затоа што можеби требаше тие да им ја спроведат агендата за партизација. Сега кога и нашите меѓународни партнери реагираат, власта се однесува како да е затечена.

СДС и ДУИ се власт 6 години во Македонија, 6 години вршат целосна партизација во судството и обвинителството.

Пример за партизација е и шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, кој го видовме во друштво со целиот врв на ДУИ, а за кого реагираа и нашите меѓународни партнери исто така.

Власта се однесува арогантно. Кога посочуваме на проблемите, тие одат со глава во ѕид, а сега кога заглавија во жив песок преземаат мерки.

Изјавата на Лога е доказ дека правосудството е клинички мртво, и дека власта треба да ги слуша апелите на ВМРО-ДПМНЕ, кога е време, зошто состојбата во која е судството денес е целосно нивна вина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK