Борел и Патен повика на одлучна акција против сексуалното насилство како воена тактика

акција против семејно насилство
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и специјалната претставничка на ОН против сексуално насилство во конфликти, Прамила Патен, денеска повикаа на порешителна акција за спречување и елиминирање на сексуалното насилство и промовирање на родовата еднаквост.

Борел и Патен по повод Меѓународниот ден против сексуалното насилство во конфликт изразија вознемиреност од зголемената употреба на сексуално насилство како тактика на војна, терор и политичка репресија и закана за колективната безбедност.



– Повикуваме на безбедни дигитални платформи во согласност со меѓународното право, за да можат преживеаните од сексуално насилство во конфликтите и тие кои ги поддржуваат да ги користат овие платформи за да се борат против неказнивоста и да бараат поголема одговорност, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Борел и Патен додаваат дека се решени да ги заштитат жртвите на сексуално насилство во конфликт, да стават крај на неказнивоста на сторителите и да гарантираат пристап до правдата, репарации и компензација за преживеаните.

Со спречување на дигиталната родова нееднаквост, можеме да создадеме свет во кој жените и децата ќе можат да живеат без страв и насилство, посочија Борел и Патен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK