Уставниот суд на Молдавија ја забрани проруската партија Шор

cekan_sud_4564654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд на Молдавија денеска ја забрани проруската партија Шор, која ги предводеше повеќемесечните протести.

Уставниот суд ја прогласи партијата Шор за неуставна и воведе забрана за дејствување. Молдавското Министерство за правда ќе формира посебна комисија, која ќе ги заврши сите законски процедури поврзани со распуштање на партијата.


Според одлуката шесте пратеници од партијата ќе ги задржат пратеничките мандати како независни, без право да се приклучуваат на другите фракции во Собранието.

Лидерот на партијата Илан Шор, кој живее во Израел, сè уште не ја коментирал судската одлука. Додека потпретседателката на партијата Марина Таубер ја критикуваше судската постапка пред пресудата

Шор е популистичка политичка партија со евроскептични и русофилски ставови уште од своето формирање во 1998 година. Партијата до октомври 2016 година се викаше Социо-политичко движење Еднаквост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK