Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО ќе се одржи претстојниот викенд, бележи 50 години од формирањето

teho festival
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО годинава ќе се одржи во сабота 24 и недела 25 јуни во Тетово. Со овогодишното издание се одбележуваат 50 години од првиот фестивал што се одржал во 1973 година.

Преку прес-конференција фестивалските денови ги најавија проф. д-р Ивица Зориќ, диригент и претседател на ТЕХО како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.


Министерката рече дека Министерството дава поддршка за фестивалот затоа што во ТЕХО имаат искрен и сериозен партнер кој ја афирмира хорската музика во земјава и во светот.

-ТЕХО игра водечка улога и во мотивирањето на композиторите да творат нови хорски композиции. Ги поттикнува најмладите диригенти и солисти да се охрабрат и да застанат на големата сцена. Особено е важно што ТЕХО ги негува авторите и основоположниците на македонската современа музика од кои речиси сите во својот опус имаат хорски композиции. На овој начин го чуваме македонското културно и духовно наследство го негуваме идентитетот и музиката која ја пееме од најмала возраст. На својот јубилеј 50 години од постоење, ТЕХО е посветен и на 120 годишницата од Илинденското востание. Со ова македонските вредности, традиции и култура, идентитет и на овој начин стануваат дел од европските културни вредности, истакна министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Претседателот на фестивалот Ивица Зориќ потсети дека како младо момче учествувал во првиот фестивал и останал се до денес. Датумот на првиот фестивал бил од 22 до 24 јуни 1873 и се совпаѓа со овогодишното издание.

-Во рамки на фестивалот ќе има изложба на сите плакати од првото издание до денес, ќе бидат изложени во Центарот за култура. Јас ги чувам сите. Досега бележиме 16 000 хористи кои имаа имаат настапено, некој по повеќе пати, преку 400 хорски ансамбли, а голем број на композиции имало праизведби, пишувани се за ТЕХО. Сега доаѓаат хорови од повеќе наши градови, но и од Србија, Косово и Албанија. За прв пат преку интернет ќе настапи и Македонски камерен хор од Нов Зеланд со три композиции, посочи Ивица Зориќ. TYPO

Фестивалот започнува во сабота 24 јуни во концерт во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово од 19 часот и 30 минути каде ќе настапат седум хорови. Наредниот ден 25 јуни недела од 12 часот во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово ќе настапат три хорови со изведба на православна хорска музика. Вечерта од 19 часот и 30 минути, повторно во Центарот за култура, ќе настапат седум хорови. На фестивалот тетовскиот детски хор „Лале“ во сабота за прв пат ќе го предводи нова диригентка, Теодора Ветеровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK