Во крводарителна акција во Дебар, собрани 28 крвни единици

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општинската организација на Црвен крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе третата редовна крводарителна акција за годинава.

Екипата беше сместена во просториите на Црвениот крст и за неколкучасовниот престој беа прибрани 28 крвни единици.


– Желбата да ја даруваат драгоцената течност што живот значи ја искажаа повеќе граѓани, но поради одредени здравствени причини тоа не можеа да го сторат. Она што посебно радува и овој пат е фактот што добар дел од оние кои ја подадоа раката и даруваа крв се млади, чиј број е во континуиран раст, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на општинската организација на Црвен крст.

Според него до крајот на годинава, планирани сè уште три редовни и една вонредна крводарителна акција.

Во изминатиот период од годинава собрани се 220 крвни единици, што е речиси 34 отсто од планираните 650 крвни едници, колку што изнесува годишниот план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK