Ковачевски: Легитимно е синдикатот да има барања, се надевам ќе се изнајде решение кое ќе е од интерес на двете страни

kovacevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работниците и претставниците на синдикатот имаат право да ги искажат своите загрижености, а раководствата на УЈП и на Царина да разговараат со нив и со министерот за финансии, за да изнајдат долгорочно решение кое ќе даде резултат што ќе биде од интерес на двете страни, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на прашањето во врска со штрајкот на работниците од УЈП и Царина.

Тој напомена дека се работи за вработени во институции кои се органи во состав на Министерството за финансии. Како што рече, Владата не расправала по однос на барањата на Синдикатот, но легитимно е Синдикатот да има барања.


-Тоа се разговори кои треба да ги водат претставниците на Синдикатот заедно со министерот за финансии и УЈП и Царина, со цел да изнајдат заедничко решение. Она што Владата го прави е усвојување на нов општ колективен договор за сите вработени со цел да се овозможи правилно усогласување на платите согласно методологија која ќе биде усвоена од Владата и синдикатите. Веќе има три модели кои се тестираат и се прават симулации какво влијание ќе имаат на буџетот. Второто е Законот за плати, во кој треба да се стави ред на висината на платите на сите нивоа, рече Ковачевски по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“ кај Росоман.

Тој се надева оти ќе се изнајде решение бидејќи како што рече, секогаш се изнаоѓало решение низ дијалог меѓу синдикатите и работодавците.

Според Ковачевски, министерот Бесими одговорно управува со буџетот, согласно принципите на добро управување, за да се овозможи раст на платите на оние кои најмногу беа погодени од кризата.

-Мислам дека и за ова ќе се изнајде решение. Јас би ги поттикнал и директорот на Царина и на УЈП да изнајдат модел за проверка на имотната состојба на нивните вработени и да се воведе систем на перформанси кој колку придонесува во работата, додаде Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK