Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари протоколарна средба и му посака добредојде во земјава на новоименуваниот амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја.
На средбата, како што соопшти МВР, министерот Спасовски и амбасадорот Казуја меѓу другите теми од заеднички интерес разговараа и за соработката помеѓу нашите две пријателски земји како и за безбедносната состојба во нашата земја, при што од страна на јапонскиот амбасадор Казуја беше изразено задоволство што може да престојува и работи во земја која се смета за најбезбедна земја во регионот на Западен Балкан.
Двајцата соговорници, како што е наведено во соопштението, изразија подготвеност за продлабочување на соработката во конкретни области од заеднички интерес за двете земји.