Лишен од слобода малолетник од Скопје поради кражба

POLICIJA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 23:30 часот на ул. „Костурски херои“ лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој со употреба на физичка сила зел пари од друг малолетник од Скопје, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Малолетникот, како што е наведено во соопштението од МВР, се сомничи дека околу 23:10 часот на бул.„Илинден“ со употреба на физичка сила одзел пари од друг малолетник од Скопје.


Од МВР потврдија дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK