Каи Хаверц е многу блиску до преселба во Арсенал. Оваа информација денес ја објави новинарот на „Sky Sport“, Флоријан Плетенберг.
Сега се зависи од конечниот предлог на Арсенал. Микел Артета би сакал да го види играчот како дополнение на Габриел Жесус.
Самиот Хаверц сака да се приклучи на Арсенал, личните услови се речиси договорени.
Каи минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи седум гола и една асистенција.