Во вторник во Дебар ќе се запрашува против комарци

debar 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На подрачјето на општина Дебар во вторник, 20 јуни, ќе се реализира програмско запрашување против комарци, информираа од општината.

– Тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, додаваат од општината.


Запрашувањето ќе се врши во период од 18:00 до 06:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Според истиот извор екипите на друштвото за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Поради тоа се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK