Албанија се задолжи со 600 милиони евра преку еврообврзница

albanija vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 600 милиони евра, со што земјата по шести пат се задолжува на овој начин.

-Износот е повисок за 100 милиони евра од првопласираните што го најави владата. Еврообврзницата е со рок на отплата од 5 години односно до 9 јуни 2028 година и со годишна каматна стапка од 5,9 отсто и долгорочна каматна стапка од 6,1 отсто, јави Топ чанел повикувајќи се на Лондонската берза.


Според телевизијата дел од средствата се намирување за намирување на заостанати долгови, додека другиот дел за покривање на буџетскиот дефицит.

Ова е шеста еврообврзница со која се задолжува Владата во Тирана. Првата еврообврзница е издадена во 2010 година (вредна 300 милиони евра, 5-годишен рок на доспевање и 7,5 отсто камата) и е отплатена во 2015 година.

Втората еврообврзница беше издадена во 2015 година (со рок на достасување од 5 години), во износ од 450 милиони евра и со каматна стапка од 4,75 отсто, која исто така е отплатена, третата во 2018 година, во износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од 7 години и каматна стапка 3,5 отсто.

На 9 јуни 2020 година, Република Албанија успешно излезе на меѓународните пазари со нова 7-годишна меѓународна обврзница во износ од 650 милиони евра со камата од 3,5 отсто.

Албанија во средината на ноември 2021 година го затвори својот петти излез на пазарите на капитал со еврообврзница од 650 милиони евра со камата од 3,75 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK