Одрони на Дабнички канал во Прилеп, екипите на комуналните претпријатија на терен

odron
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Последните поројни дождови, а и во текот на ноќта предизвикаа оштетувања на коритото на  Дабнички канал во Прилеп и е направена дупка што е проширена до работ на улицата. Увид направи Регионалниот центар за управување со кризи од Прилеп, а екипите на јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ се на теренот да ги санираат штетите на Дабнички канал.


-Со механизацијата и нашите екипи го чистиме Дабнички канал од смет. Нема прелевање од каналот, но сметот може да направи проблеми. Создадена е дупка што е проширена до работ со асфалтот до улицата. Ги санираме оштетувањата, го обележуваме местото со што минувачите се предупредени да внимаваат кога се движат во близина, вели Игор Гулабоски директор на „Водовод и канализација“.

Според Гулабоски нема големи проблеми со Градска река, но поради поројните врнежи, јавното комунално претпријатие денеска ќе интервенира во шест случаи на поплавени подруми на куќи, главно во населбата Тризла.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK