Над 200 жени учествуваа вечерва на првата женска атлетска трка чиј организатор е спортското здружение „Бори се за целта“.
Ноќната атлетска трка насловена „Биди своја“, почна во 19 часот пред битолскиот Офицерски дом и се одржа на патека долж улицата „Партизанска“ на која од двете страни, и покрај дождливото време, учесничките, спортистки и рекреативки, беа со аплауз поздравени од битолчани.
Сообраќајот за сите патнички и товарни возила го регулираа полициски службеници на СВР-Битола.