Шефот на саудиската дипломатија Фејсал во посета на Иран

fejsal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудискиот министер за надворешни работи принц Фејсал бин Фархан денеска пристигна во Техеран, што е уште еден чекор во обновувањето на дипломатските врски помеѓу двата блискоисточни ривали.

Предвидено е Фејсал да се сретне со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан и со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.


Фејсал ќе ја отвори и Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран.

Ријад и Техеран со посредство на Кина во март се договорија повторно да воспостават дипломатски односи и да отворат своите дипломатски претставништва. Со тоа беше ставен крај на седумгодишните тензии, што претставуваа ризик за регионалната безбедност, вклучително и Јемен, Сирија и Либан. Саудиска Арабија и Иран ги поддржуваат спротивставените страни во регионалните конфликти.

Иранската амбасада во Саудиска Арабија официјално продолжи со работа на 7 јуни. Кралството ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстрантите ја нападнаа Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран како одговор на егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Ријад.

Од неодамна Иран се обидува да ги подобри заладените односи со неколку арапски земји од Персиски Залив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK