Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 17 јуни 2023

Бидејќи немаат што да им понудат на граѓаните од ДПМНЕ тера стара плоча на лажење на прес конференции од Белата палата.


Повторно, таргет за лагите на ДПМНЕ е работата на МВР, овој пат заедно со Оперативно-техничката агенција.

Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ, сега се градат демократски институции кои им служат на граѓаните.

Се она што ДПМНЕ го урна сега се обновува врз основа на закон и спроведени реформи на безбедносните служби во еден демократски и транспарентен процес.

Демант за лагите на ДПМНЕ вчера изнесе и професионалната Оперативно-техничката агенција. Се спроведуваат постапки низ соодветна, законска процедура, под целосен надзор и контрола и со позитивно мислење од надлежните институции.

Едноставно ДПМНЕ треба да престане да шири лаги.

Нема потреба ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза, променетиот став на Мицкоски за уставни измени е добар за државата и ни е го повикуваме да остане на тој став.

Фото: МИА архива

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK