Талибанската Влада денеска го прогласи 31 август за национален празник. На 31 август 2021 година последниот американски војник го напушти Авганистан.
Генерал-мајор Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во главниот град Кабул на полноќ на 30 август 2021 година.
САД и нивните сојузници се повлекоа од Авганистан по 20-годишно воено присуство. Две недели пред повлекувањето на странските сили, беше соборена меѓународно поддржаната авганистанска влада и талибанците триумфално навлегоа во градовите и ја вратија моќта.
Оттогаш, талибанците продолжија да ги спроведуваат своите строги закони, оневозможувајќи им на авганистанските девојки и жени пристап до образование по шесто одделение. Како резултат на тоа, ниту една земја во светот сè уште ефикасно ја признала нивната влада.