Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Бабујан на северот на Филипините, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот бил на длабочина од 34 километри.
Државната сеизмолошка агенција на Филипините соопшти дека се очекуваат последователни потреси, но не е забележана штета како резултат на земјотресот, кој се случил под површината на морето.