Најмалку 17 жртви во напад врз Картум

eksplozii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здравствените власти во Картум, главниот град на Судан, денеска соопштија дека 17 лица, меѓу кои пет деца, загинале во воздушен напад во јужниот дел на градот.

– Областа Јармук беше цел на воздушен напад во кој, според првичните проценки, загинаа 17 лица, меѓу кои пет деца, а 25 домови беа уништени, се вели во објавата на Фејсбук на здравствените власти во Картум.


Воздушни и вооружени напади, како и експлозии денеска го тресат Картум, додека насилството во Дарфур во западен Судан го тера населението да бега, повеќе од два месеци по почетокот на војната во Судан.

Судирите во Судан избувнаа на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK