Москва ќе акредитира странски новинари во зависност од „однесувањето“ на западните медиуми

peskov_687688
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

При доделувањето акредитација за медиумски работници од западните земји на големите форуми во Русија, официјална Москва ќе го земе предвид „однесувањето“ на нивните медиуми и односот кон руските новинари во странство, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новинарите од земјите кои Русија ги нарекува „непријателски“ не добија акредитација за Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.


На прашањето дали Москва во иднина ќе им дозволи на западните новинари да присуствуваат на форуми во Русија, Песков рече: „Да видиме каков ќе биде режимот, како ќе се однесуваат тие (странските медиуми)“.

Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за доделување акредитација ќе зависи и од третманот на руските новинари во „непријателските“ земји. Москва го користи овој термин за земји кои воведоа санкции поради руската инвазија врз Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK