Прилеп ги наградува талентираните млади и сака да ги задржи во заедницата

Prilep
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 140 талентирани ученици од Прилеп, кои освоиле награди на државни и меѓународни натпреварувања, добија пригодни парични награди и признанија од Општината на денешната пригодна свеченост во големата сала на прилепската локална самоуправа.

Според правилниот на Општината, се издвоени еден милион денари, а сумата ќе биде зголемена зашто, на голема радост на сите, бројот на талентирани ученици кои освоиле награди е поголем од планираните стотина. Учениците, во зависност од натпреварувањето и освоеното место, беа наградени со соодветен износ. За државно првенство, општинскиот паричен стимул се движи од 5 000 до 7 000 денари, а за меѓународни натпреварувања, од 7 500 до 9 000 денари.


Според Дејан Проданоски, претседател на општинскиот совет, ова е, можеби мал стимул, но е чекор напред во решавањето на општественикот проблем – заминувањето на младите од државата. Општината до есен ќе донесе правилник и за наградување на наставниот кадар како стимул да работат уште покреативно со учениците.

– Можеби ова е минимален стимул, но е значаен. Се надевам дека учениците ќе имаат некаква обврска спрема Општината која ги образувала и можеби ќе имаат обврска да останат и своето знаење да го имплементираат во прилепската заедница. Планираме, до почетокот на новата учебна година, да се изработи правилник и за наградување на најдобрите наставници за дополнително да го стимулираме наставниот кадар и со нивната креативност да го збогатат наставно-образовниот и воспитниот процес, изјави Проданоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK