Николовски: Македонија е лидер во регионот во искористеност на средства од програмата ИПАРД

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги додели првите решенија од вкупно 2453 барања за набавка на трактори.

На јавен настан во Битола, министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна дека поддршката за земјоделците е континуирана, а Северна Македонија е лидер во регионот по однос на искористени средства од програмата ИПАРД.


-На јавниот повик стигнаа рекордни 2453 барања кои комплетно ги исполнуваат критериумите. Во Битола почнавме со доделување и со релизација на првата фаза од склучувањето на договорите во која се опфатени 730 решенија. Договорите се во вкупен износ од околу 500 милиони денари, обезбедени преку програмата за рурален развој, истакна министерот Николовски и додаде дека како лидери во искористеноста на програмата ИПАРД, како држава не вративме ниту едно евро назад во европскиот буџет, како што тоа беше во 2007 и 2015 година, кога 55 милиони евра не беа искористени за модернизација во земјоделството.

На средбата со пелагониските земјоделци, министерот во МЗШВ, Љупчо Николовски ја најави можноста за користење на средства од програмата ИПАРД-3 која за Северна Македонија е зголемена за 62 насто.

-Тоа е огромна предност, огромна чест од Европската Комисија заради успешното организирање, заради лидерската позиција и заради успешноста во ИПАРД-2. Ова лето ќе бидат објавени сите повици во рамки на ИПРАД-3 програмата со рекорден буџет, нагласи Николовски.

Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, Битола е еден од градовите на врвот според бројот на апликанти за набавка на трактори.

-Од денес и во наредните денови се доделуваат решенијата за финансиска поддршка, истите треба да бидат потпишани, а потоа следуваат процедурите се исплата. Нема да има контрола на терен, ќе се земе предвид хомологација, сообраќајна регистрација и тн., со што гарантираме многу брз процес на реализација на средствата, односно поврат на инвестициите кој се движи од 50 до 75 проценти, појасни Бачовски.

Од МЗШВ и АФПЗРР најавија дека следната недела ќе почне исплатата на субвенциите за предаденото млеко во 2022 година, а потоа субвенции ќе добијат и поледелците за користен семенски сертифициран материјал. м

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK