Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.


На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот и руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски оцени дека билатералните односи меѓу двете држави се пријателски, без отворени прашања, со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка.

-Претседателот Пендаровски го информираше претседателот Милановиќ за текот на скрининг процесот со Европската Унија и изрази благодарност за силната хрватска поддршка за нашето членство во ЕУ, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK