Бочварски очекува до 10 јули повторно да биде воспоставен сообраќајот на делницата од Охрид до Подмоље

bochvarski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље.

– Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел, да започнеме потоа со последната фаза, со поставување еластични огради и одобрување на времениот режим. Она што е важно е дека до 10 јули ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по оваа автопатска делница. Сметам дека за ударниот дел од туристичката сезона оваа траса ќе биде приспособена, рече Бочварски.


Тој нагласи дека се што се работи е во насока на развој на туризмот во Охрид и верува дека граѓаните ќе имаат разбирање и ќе дадат поддршка затоа што после овие градежни работи влезот во Охрид ќе биде со автопатско решение.

– Главната поддршка за реализација на овој проект треба да дојде токму од Општина Охрид. Ние како Влада сме реализирале многу проекти во Охрид независно која политичка партија е на власт, најголемиот проект во мандатот на сегашниот градоначалник на Охрид е улицата „Македонски просветители“ што е инвестиција на Минситерството за транспорт и врски и на Владата. Не видов тогаш коментар од градоначалникот дека со реализацијата на тој проект се подобруваат условите за развој на туризмот, а сега кога излегуваме на терен со механизација да го решиме проблемот затекнат од минатото, гледам коментари и критики во јавноста. Сметам дека е некоректно, поддршката треба да дојде пред се од градоначалникот, општината и граѓаните, рече Бочварски.

Тој потсети дека реализирани биле бројни координации, состаноци со 15 институции за да се решат сите проблеми во проектот на автопатот Охрид – Кичево, да се репроектират косините, да се проектираат клучките, да се решат сите експропријации…за конечно повторно да се работи на овој проект.

– Оние кои го направиле проблемот во минатото со отпочнување на изградбата на овој автопат на таков начин, сега критикуваат. Сметам дека ние сме тие кои ги решиле проблемите и сме тука да направиме увид, да направиме дополнителен притисок со цел градежната механизација да продолжи со работа и да се пушти автопатот за сообраќај, рече Бочварски.

Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

-Често сме на терен, вложуваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот…рече Рустеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK