Поплави во Србија, вонредна состојба во 39 градови и општини, евакуирани 75 лица

srbija-poplavi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обилните дождови во Србија предизвикаа изливање на реките и поплави, поради што во 39 општини и градови прогласена е вонредна состојба, додека припадниците на Секторот за вонредни состојби евакуираа 75 лица од поплавените и загрозените подрачја, јави дописникот на МИА од Белград.

Вонредна состојба прогласена е за градовите Чачак, Лозница, Јагодина, Прокупље, Алексинац, Парачин, Куршумлија, Владичин Хан, Врњачка Бања, Соко Бања, Сјеница и други градови и општини.


Мостот во Адрани кај Краљево е однесен од реката, поради што во прекин е сообраќајот на Ибарска магистрала кај Краљево, а во Чачак се делат вреќи за одбрана од поплави на станбените и помошните објекти.

Во Крагуевац е поплавен хируршкиот блок во Клиничкиот центар и други објекти, а тешка е состојбата и во Јагодина, Коцевље, Косјериќ, Брус, Крушевац, како и на повеќе сообраќајници во Белград.

Поплави има и во Нови Пазар, каде војската ќе подигне понтонски мост помеѓу две населби во овој град.

Српското МВР издаде упатство за начинот на однесување за време на поплави и следење на информации преку медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK