Брегу: Не ни треба дополнителна институција за унапредување на соработката во Западен Балкан, потребна е политичка волја

bregu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На земјите од Западен Балкан не им е потребна дополнителна институција што ќе работи на унапредување на регионалната соработка, туку политичка волја, затоа што има доволно организации што се занимаваат со тоа, оцени Мелинда Брегу, претседателка на Процесот за регионална соработка, на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга.

-Имаме одлични стратешки договори, програми и планови, а проблемот настанува кога почнува нивната имплементација. Недостасува политичка волја тие да заживеат, што е многу важно, иако ја имаше додека беше потребно да се подготват. Меѓусебните недоразбирања се причина тие договори сè уште да постојат само на хартија. На пример, би било добро на студентот кој завршил во Подгорица дипломата да му биде признаена во Тирана. Регионот се празни од млади луѓе и губиме околу 2,8 милиони евра поради нивното заминување од овде. Слично е и со договорот за укинување на визите меѓу Косово и Босна и Хецеговина, што уште не заживеал. Регионалната соработка уште се користи како мантра, а тоа е процес во кој треба заеднички да се инвестрира, но се покажува дека во суштина ние сè уште се бориме едни со други, истакна Брегу.


Во својата оценка за важноста и улогата на граѓанскиот сектор за регионалната соработка, Брегу нагласи дека добрососедските односи во перцепцијата на луѓето се добро прифатени и тие знаат дека само така можат да се решаваат проблемите што ги имаат земјите од регионот. Останува на лидерите, кои имаат политички мандат, да го спроведат она што е добро за граѓаните, затоа што тоа не е важно само за кредибилитетот на процесот, туку и за нив како луѓе кои го водат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK