Приведен криминалец баран со потерница

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги утрово околу 09.30 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, го лишиле од слобода К.Ж.(27) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.


Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK