Даскалоски и Даев остануваат во Голден Арт и следната сезона

daskalovski-daev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот Златко Даскалоски и еден од играчите со најголем стаж во клубот Давид Даев и следната година ќе бидат дел од Голден Арт.

Даев кој е дел од Голден Арт од самото формирање на клубот, последните години се профилира во стандарден член и важен дел од тимот, како во одбрана, така и во напад. Дваесет и двегодишниот Даев потпиша договор со клубот со важност на две години.


Поранешниот репрезентативец Даскалоски, покрај главната задача во улога на чувар на мрежата, е задолжен за работа со голманите, пренесувајќи го своето искуство на помладите колеги од младинските категории на Голден Арт. Даскалоски се договори со клубот за соработка во период од една година, до следниот јуни 2024 година.

Голден Арт претходно ги обнови договорите со Милошески, Шилегов, Дрпљанин и Миланов, а во планот и стратегијата на клубот е префрлување на добар дел од ракометарите од шампионската генерација во младинска конкуренција, во сениорскиот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK