Во текот на вчерашниот денво спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 140 возачи.
Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска соопштија од МВР, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.