Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека продолжувањето на мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг би било „навистина добра одлука“.
– Навистина ми се допаѓа мојата работа и планирам да ја задржам. Значи, не, не одам во НАТО, изјави Фредериксен одговарајќи на прашање дали е заинтересирана за главната функција во Алијансата.
Дипломатски извори го споменаа името на Фредериксен како еден од можните кандидати за наследничка на Столтенберг на чело на Северноатлантската алијанса.