Димитриевски: Новиот трговски центар Ла Плаза во Куманово воведува нови стандарди во градбата, посакувам идните инвеститори да го следат овој пример

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на отворањето на новиот трговски центар Ла Плаза во Куманово.

Во изјава за медиумите, тој упати честитки до фирмата Лико Проект за успешно реализирање на овој проект, истакнувајќи дека новиот трговски центар ќе значи многу за граѓаните и тука ќе можат да ги најдат сите брендови во Куманово по исти цени, со акции, но и со многу пониски цени.


„Самиот проект како е реализиран воведува нови стандарди во градбата за град Куманово. Јас би посакувал и идните инвеститори во градот да го следат овој пример во делот на инвестициите и да ивестираат во вакви проекти“, рече Димитриевски.

На отворањето на новиот трговски центар, Димитриевски информираше дека се работи за деловна единица со компатибилни содржини.

„Специфично за овој објект е што првиот објект што е на територија на општина Куманово, која има најголем број на места за паркирање, или самиот објект во рамки на неговите содржини предвидува некаде околу 500-тини места за паркирање, еден добар пример по којшто би требале во иднина да се градат и другите инвестиции во градот. Во оваа прилика сакам да честитам на фирмата Лико Проект, на нејзиниот сопственик, на целиот тим, сите изведувачи, подизведувачи коишто работеа на овој проект да биде успешен и воедно да им посакам добредојде на сите инвестори коишто ги користат овие простори и што денеска се тука. Дефинитивно, ова е прв ваков мол од ваков карактер на територија на нашата општина. Но, верувам не и последен, бидејќи Куманово има капацитет, има потенцијал како еден регионален центар да зголемува број на вакви објекти, бидејќи тоа е секојдневна потреба на граѓаните. Уште еднаш честитки до сите и посакувам многу успех и секако заработка за тие што инвестираат“, потенцираше Димитриевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK