Германско-косовската стопанска комора соопшти дека германските компании би можеле да се откажат од инвестициите во Косово поради актуелните настани во северниот дел на земјата.
– Членовите на германско-косовската стопанска комора се загрижени дека германските компании би можеле да се откажат од своите инвестиции во Косово или да ги прекинат постоечките активности. Вестите за политичка нестабилност значително ја поткопуваат довербата на германските клиенти и инвеститори. Ова има негативно влијание врз германско-косовските економски односи и му штети на Косово како локација за инвестиции и бизнис, се вели во соопштението на Германско-косовската стопанска комора.
Според оценката на комората, ублажувањето на тензиите и подобрувањето на развојот на стабилна средина се важни фактори за создавање добра бизнис клима.
Ги повикуваме носителите на политички одлуки во Косово да преземат чекори за враќање на стабилен политички амбиент“, се вели во соопштението.