Во Стокхолм пуштен првиот самоуправувачки електротраект

elektrotraekt
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пловилото „МФ Естел“ (MF Estelle), произведено од норвешката нова технолошка компанија „Зеабус“ (Zeabus), е првиот самоуправувачки електричен траект во светот којшто почна да превезува патници.

Во соработка со „Торгатен“ – истакната норвешка бродска компанија, „Зеабус“ ја претстави својата прва ферибот линија меѓу отровите Содермалм и Кунгшолмен во Стокхолм, Шведска. Тоа, засега, е кратка линија којашто ќе чини 120 патувања дневно. На траектот засега има посада, но таа ќе го напушти на почетокот на следната година. Сообраќајниот метеж е постојан проблем ширум светот, па решенијата вклучуваат масовен превоз, подземни тунели… А, во градови со водни тела, на ова може да се додадат и пловилата, но досегашните начини на поводен превоз значат испуштање јаглерод и штетни материи, и се во судир со глобалните цели за „почист“ превоз.


„Зеабус“ е основана 2019 година со цел да го направи превозот на вода поодржлив и да се развијат самоуправувачки решенија за оптимизирање на користењето бродови.

„МФ Естел“ има електричен погонски систем којшто се напојува од сончеви панели и може да прими 24 патници. Има самоуправувачка навигација поддржана од последната технологија. Фазниот пристап ќе му помогне на „Зеабус“ да ја оптимизира потрошувачката на енергија потребна за едно патување.

Стокхолм ќе биде „прв тест“, но целта е да се обезбедат слични можности за патување и во други градови во светот и да се воспостават врски меѓу градовите.

Норвешка го предводи развојот на оваа технологија, па и бродоградителската компанија „Хуртигрутен“ веќе работи на првиот брод за крстарење без испуштања јаглерод, којшто ќе биде готов до крајот на десетлетие. Тоа ќе користи електричен погон, надополнето со сончева и ветерна енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK