Столтенберг: Членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот на 12 јули, но не можам да гарантирам

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот на Алијансата закажан за 11 и 12 јули, но дека тоа не може да го гарантира, јави агенцијата Анадолија.

Столтенберг одговараше на новинарски прашања пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел.


Коментирајќи ја можноста за членство на Шведска во НАТО до Самитот во Вилнус, Столтенберг потсети дека вчера во Анкара е одржан состанок на Постојаниот заеднички механизам на Турција, Шведска и Финска и оти минал во конструктивна атмосфера.

Столтенберг потсети дека Шведска ги исполнила своите обврски во рамките на трилатералниот меморандум договорен на минатогодишниот Самит во Мадрид.

– Турција има легитимна безбедносна загриженост. На ниту еден сојузник тероризмот не му наштетил повеќе отколку на Турција, нагласи Столтенберг.

– Членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот во Вилнус, но не можам да го гарантирам тоа. Работиме да обезбедиме членство на Шведска што е можно побргу. Задоволство ми е да ја искористам оваа можност да се состанам со претседателот Реџеп Таип Ердоган и да го свикам Постојаниот механизам оваа недела, додаде тој.

Во врска со минатонеделната посета на САД и дали мандатот ќе му биде продолжен, Столтенберг рече дека во текот на средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон разговарал за претстојниот Самит на НАТО.

– За тоа кој ќе ме замени одлучуваат 31 НАТО-сојузник. Јас сум одговорен за сите одлуки на НАТО, освен за една, а тоа е каква ќе биде мојата иднина. За тоа одлучуваат 31 сојузник, изјави Столтенберг и додаде дека „нема намера да бара продолжување на мандатот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK