Турција: Најмалку осум загинати во семејна кавга поради спор околу земјиште

turcija-policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку осум лица загинаа во престрелка во Турција по спор за сопственост на земјиште меѓу две семејства во југоисточната провинција Дијарбакир, пренесе ДПА повикувајќи се на Анадолија.

Уште три лица со повреди и се пренесени во болница. Полицијата презеде безбедносни мерки во селото Серчелер во областа Бисмил, изјави гувернерот на Дијарбакир, Али Ихсан Су.


Турската телевизија 24 објави снимка од пожар на спорното поле, додека на местото се испратени пожарникарски екипи. Семејствата го запалиле земјиштето, соопшти телевизијата.

Во инцидентот кој бил како „масакр“ наводно се пукало од пиштоли и пушки, а властите трагаат по осомничените, додаде ТВ 24.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK