Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

kniga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во паркот на книгата на „Матица Ексклузив“ денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Куќа во куќа“ од поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска. Изданието ќе го промовира д-р Славчо Ковиловски, а стихови ќе интерпретира актерот Владо Јовановски.

-„Куќа во куќа“ е четиринаесета поетска книга на Бошнаковска, во која авторката со тон на тревожност пее за судбински теми и остварува една нова димензија во нејзиното богато творештво. Всушност, во стиховите од оваа книга, поетесата следи мноштво актуелни настани кои се случуваат во Македонија, соопшти „Матица македонска“.


Гордана Михаилова-Бошнаковска е автор на богат поетски и прозен опус, за кој добила значајни книжевни награди, меѓу кои и наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK