Нечиста крв – втора сезона: Какви се обвиненијата против д-р Жан Митрев?

necista krv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве пред Основниот Кривичен Суд во Скопје стартува судењето против д-р Жан Митрев и неговата Клиничка Болница Жан Митрев. Јавноста со право покажува голем интерес за овој случај, кој е интересен и пошироко затоа што е редок (ако не и прв) случај на поведување постапка за правна одговорност на болниците и медицинскиот персонал во врска со справувањето на пандемијата со Ковид-19.

Аферата започна пред точно една година со истражувачка сторија на ИРИ насловена како „Нечиста крв“ (достапно на интернет) во која беа изнесени сериозни обвиненија за несовесно лекување и други пропусти на Клиниката, но и со многу лични напади врз угледот на д-р Жан Митрев, кој наводно лажно се кител со сомнителни дипломи, признанија и сл. Јавноста беше згрозена од тврдењата дека Клиниката наводно ја криела појавата за интрахоспитални бактерии и дека вршела недозволени експерименти врз пациентите без нивно знаење и согласност – и од тоа се богатела. На крајот, од овие сериозни новинарски обвинувања сепак не излезе ништо.


Имено, излезе дека тимот на д-р Митрев не спровел вистинска клиничка студија за која требала посебно одобрение и некаков експеримент, туку објавил само ретроспективен приказ на резултатите од употребата на хемофилтрацијата во лекувањето на сериозни инфекции со Ковид-19. Деновиве Основниот кривичен суд ги ослободи д-р Митрев и Клиниката од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација.

Продолжете со читање на следниот линк

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK