Штипски „Исар“ ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад

isar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Штипското комунално претпријатие „Исар“ –Штип прави анализа уште колку контејнери и канти за отпад се потребни низ населбите, со цел да се подобри комуналната хигиена на подрачјето на Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“-Штип,  Кирил Зајков, истакна дека ќе се прави анализа за реалната потреба на веќепоставените, можноста за дислокација на контејнери или дополнување на бројот на корпи. Посочува дека во претходното тримесечје се поставени нови корпи и тоа како пракса ќе продолжи и во следниот период.

-Ќе направиме и анализа за реалната потреба од веќе поставените контејнери на соодветните локации. Дали може да се зголеми бројот на одредени локации или да се постави дислокација од некои места каде ние би констатирале дека нема потреба од два, на пример, па едниот да го пренасочиме на друга локација, сѐ со цел да удоволиме на барањата на граѓаните, рече Зајков.


Штипски „Иаср“ изминатиот период  продаде стотина канти за домаќинствата, кои  ги обезбеди по цена од 1.050 денари и за истиот износ ги продава и на граѓаните. Граѓаните кои редовно плаќаат вода може да добијат канта на пет месечни рати и да ја исплаќаат заедно со сметката за вода, а останатите треба да ја платат во готово.

-Јавното претпријатие ги набавува кантите, ги проследува врз основа на барање и договор на граѓаните, нудиме отплата на рати, колку е набавен кантата, толку и е продадена, односно по 1050 денари. Во претходното тромесечие се продадени 100 канти. Очекуваме во текот на следните две седмици да добиеме уште нови 100 канти. Апелираме до граѓаните, сите оние кои имаат интерес, да се обратат во ЈП „Исар“, како би склучиле договор и кантите да бидат доставени, рече Зајков.

На годишно ниво домаќинствата набавуваат околу 1.000 канти, а годинава Јавното претпријатие набави вкупно 1.540.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK