Стефковски додели признанија и награда од по 3000 денари за првенците на генерација

СТЕФКОВСКИ
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод крајот на учебната година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општината ги додели признанијата на првенците на генерација 2014/2023 година од општинските основни училишта.

За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:


На последниот ден од учебната 2022/2023 година во просториите на општина Гази Баба ги доделив признанијата на првенците на генерацијата 2014/2023 година, кои оваа година го завршуваат основното образование.

Најуспешни ученици по спроведена постапка во основните училишта на генерацијата 2014/2023 година се:

Јана Симоновска – ООУ Крум Тошев;

Филип Тодоров – ООУ Наум Наумовски Борче;

Мелани Козарова – ООУ Кирил и Методиј;

Ива Игнатова – ООУ Његош;

Теодора Мариновска – ООУ Вера Јоциќ;

Ѓорѓи Цветковски – ООУ Стив Наумов;

Михаела Димчова – ООУ Дане Крапчев;

Саша Исјановски – ООУ Григор Прличев;

Теодора Стојчевска – ООУ Крсте Мисирков;

Регис Хаскај – ООУ 25 Мај;

Сара Стефковска – ООУ Наум Охридски.

Општина Гази Баба на најдобрите 11 ученици ќе им додели финансиска награда од 3000 денари.

Оваа мерка се спроведува по втор пат оваа година и ќе продолжи и во иднина, бидејќи со истата преставува признание за трудот на најдобрите ученици, но и мотив за сите останати.

Ја користам оваа прилика на сите ученици да им го честитам крајот на учебната година и постигнатиот успех. Да им посакам добар летен одмор и во следната година поголеми успеси и достигнувања. – напиша Стефковски.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/pfbid0HdPGLHpFjckkx7AUCY2yMW5mqAzPRs2oHYAV8d6sKfusLodouTvEeyZj8hB1Jjezl

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK