Шампионскиот младински тим на ЖКК ,,Клубски Патриот” од Делчево на прием кај градоначалникот Трајковски

trajkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генерацијата кошаркарки кои ја освоија шампионската титула во М-12 кошаркарската лига на Македонија денес имаа прием кај градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. Испраќајки честитки до делчевските кошаркарки и тренерот Петровски, Трајковски им се заблагодари за радоста која ја приредија на домашните навивачи покажувајки дека Делчево се задржува на високото место на македонската женска кошарка.

-Ми претставува чест што денеска бев домаќин на делчевските шампионики. Девојките од КК „Патриот 2016“ повторно докажаа дека овој клуб ги има шампионките во женската кошарка. Минатата година нè направија горди девојките од овој клуб од лигата М-16, а годинава ја славиме победата во лигата М-12. Ова е успех кој треба да го следат сите спортисти и сите клубови од нашиот град. Логистиката и поддршката од мене како градоначалник, а секако и од Општина Делчево, ја имаат во континуитет, рече Трајковски.


Очекувам оваа млада генерација кошаркарки да продолжи да работи и созрева, постигнувајки нови успеси, а до тоа да обезбедат место и во дресот на македонската кошаркарска репрезентација.

Тренерот на екипата Љупчо Петровски се заблагодари за приемот од градоначалникот и напомена дека две од кошаркарките веќе се на списокот на македонската рептезентација до 22 години

-Две кошаркарки на КК Клубски Патриот од Делчево, тоа се Тамара Гоцевска и Сара Атанасовска се изберени во репрезентацијата до 12 години. Тие ќе бидат дел од кампот во Маврово кој што го организира КФСМ за играчи до 14 години, рече Петровски.

Покрај успехот на младите кошаркарки до 12 години, претходно женската сениорска екипа на Клубски Патриот го освои и првото место во Првата Б Лига, а младинките до 16 години минатата година беа шампионки во својата возраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK