Стано ги отфрли тврдењата на Приштина дека ЕУ и Лајчак се пристрасни во корист на Србија

stano
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија денеска ги отфрли тврдењата дека е пристрасна во корист на Белград во посредувањето меѓу Белград и Приштина, пренесе Бета.

– ЕУ не е пристрасна, таа е чесен посредник во дијалогот Белград-Приштина и целосно и решително ги отфрла тврдењата дека пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак би можел да биде пристрасен во посредувањето меѓу Белград и Приштина, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано коментирајќи го тврдењето на шефот на преговарачкиот тим на тимот на Приштина Бесник Бисљими дека Лајчак е „пристрасен и ги застапува предлозите на Белград, наместо да биде посредник“.


Стано потсети дека посредникот во дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, беше назначен со едногласна одлука на 27 земји членки на Европската унија и „ЕУ целосно и одлучно ги отфрла тврдењата дека може да биде пристрасен бидејќи работи во име и врз основа на мандатот на 27 членки на Унијата. “.

Тој истакна дека Лајчак дејствува во име на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и оти и двајцата се назначени со мандат на членките на ЕУ.

– Европската унија не е пристрасна, Европската унија е чесен посредник и затоа инвестираме толку многу време и енергија за да направиме услуги на добра волја и да го олесниме дијалогот за двете страни, и покрај нивниот пристап и активности во последните недели, месеци и години, рече портпаролот на Борел.

– Продолжуваме да вложуваме напори за да им помогнеме на двете страни да дојдат до заеднички ставови и да постигнат европско решение за нивните проблеми, заклучи Стано.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK