Почна реконструкцијата на училиштето во карбинското село Таринци

prikolka karbinci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна реконструкцијата на подрачното училиште во село Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели во текот на летниот распуст ќе се работи на целосно подобрување на условите за работа, а новиот објект ќе биде и енергетско-ефикасен, односно ќе се овозможи централно парно-греење на целото училиште.

-Се работи на реконструкција на една од двете подрачни згради во ова училиште, а едната ќе биде предмет на целосно отстранување и изградба на нова зграда споена во една целина, со што ќе имаме едни модерни, нови услови, како што треба да има едно европско училиште. Имено, да споменам дека ова училиште е постаро од 40 – 50 години и за првпат се работи на ново, реконструкција на дел од постоечките згради и ќе добиеме една целина, рече Паунов.


Забележа дека проектот е од особена важност за наставниот кадар и учениците во ова училиште, бидејќи ќе овозможи нови услови за работа  Директорката, Наталија Костова вели дека учениците новата учебна година ќе ја почнат во реконструиран објект.

-Во училиштето во село Таринци учат околу 50 ученика. За првпат по долгогодишниот проблем и желбата на сите нас, се реализира реконструкција и изградба на нова училишна зграда која е од голема радост и за учениците и за наставниците, вели Костова.

Инвестицијата е вредна 15 милиони денари со вклучен ДДВ, од коишто 11 милиони денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно Програмата за диспаритети, а остатокот од 30% е кофинансирање на Општина Карбинци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK